Норвежанецот Тимон Хауган е победник на слаломската трка која се возеше во Салбах, во рамките на Светскиот куп.
Хауган дојде до првата победа во кариерата со резултат 1:54:00 минута. Резултатот на Норвежанецот беше подобро за 0,40 секунди во однос на второпласираниот Мануел Фелер од Австрија, додека на подиумот место обезбеди и Штрасер од Германија со заостанување од 0,44 секунди во однос на победникот.
Натпреварувањето во Светскиот Куп кај мажите завршува следниот викенд со трките во спуст и велеслалом, а шампион е швајцарецот Марко Одермат.