Возачот на Ферари, Шарл Леклер, постигна најдобро време на вториот слободен тренинг за Големата награда на Австралија во Мелбурн.
Втор беше светскиот шампион Макс Верстапен со Ред Бул пред неговиот тимски колега, Карлос Саинц. Макс во втората сесија започна подоцна бидејќи механичарите имаа уште работа со неговиот болид по ударот на тротоарот на првиот тренинг.
Алекс Албон, не учествуваше на вториот тренинг по несреќата што ја имаше во првата сесија.