Шпанскиот возач на Прима Прамак, Хорхе Мартин, ја забележа првата победа во тековнава сезона во најсилната класа во Мото Гран При шампионатот. Тој доминираше на трката за Големата награда на Португалија и сосема заслужено прв помина низ целта.
Второто место на подиумот го пополни, Енеа Бастијанини, додека третото го обезбеди најпријатното изненадување, дебитантот, Педро Акоста, со моторот на Ред Бул Гас. Од четвртото до 10-то место се пласираа: Бред Биндер, Џек Милер, Марко Бецеки, Фабио Квартараро, Алеиш Еспаргаро, Мигел Оливеира и Фабио ди Џанантонио.
Мартин од денеска е лидер во генералниот пласман со 60 бодови пред Биндер кој има 42 и Бастијанини со 39 бодови. Сезоната во Мото Гран При шампионатот продолжува на 14 април со трката за Големата Награда на САД која ќе биде возена на патеката во Остин.