Бидејќи последната трка беше откажана поради лошото време во Австрија, Mарко Одермат ја задржа предноста и ја освои четвртата титула во сезоната. Тој е првиот скијач по Австриецот, Херман Маер, (2001 година) кој освоил четири глобуси во една сезона.
Одермат рече дека би сакал да имаше можност да се „бори“ со Саразин во последната трка во спуст но, тоа не се случи.
„Секако, многу е чудно да се освои глобус по толку тесна битка со Киприен. Двајцата ќе бевме подготвени. Мислам дека тоа беше фер одлука за спортот иако ние би сакале да се бориме на патеката“ – изјави Одемарт.

