Екипата на Ренџерс со победата во продолжението на мечот со Филаделфија си обезбеди место во разигрувањето за титулата во НХЛ лигата на САД и Канада. Тренерот, Питер Лавиолет, вели дека тоа било очекувано.
„Како што игравме цела сезона, веројатно беше очекувано дека ќе се пласираме во плеј-офот. Главна работа е да играте правилно а дури потоа да ја одржувате конзистентноста “ – изјави Лавиолет за веб-страницата на НХЛ.
Ренџерс по 72 натпревари го заземаа првото место на Истокот.