Полскиот министер за одбрана најави дека неговата земја ќе испрати воено засилување во Париз за Олимпијадата, без да го прецизира бројот.
„Во Париз ќе бидат испратени оперативни сили од нашата војска, вклучително и кучиња. Главната цел е да се вклучиме во операции за откривање експлозиви и борба против тероризмот“ – изјави Владислав Косињак-Камиш на социјалната мрежа Х.
Француската влада по нападот во Париз одлучи да го подигне нивото на безбедност на максимално ниво. Според тамошниот министер за одбрана, Себастиен Лекорну, ќе бидат мобилизирани 18.000 француски војници и 3.000 пилоти кои ќе бидат ангажирани во воздушниот надзор.