Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Меѓународен микс»Верстапен победник на патеката Сузука за ГН на Јапонија
    Меѓународен микс

    Верстапен победник на патеката Сузука за ГН на Јапонија

    risteBy riste07/04/2024No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Возачот на Ред Бул и актуелен шампион, Макс Верстапен, триумфираше на трката за ГН на Јапонија, четвртата трка од овогодинешниот шампионат во Формула 1. Верстапен стигна до нова победа на доминантен начин откако водеше од почеток до крај на трката.

    Трикратниот светски шампион трета година по ред славеше на популарната  патека во „Сузука“ и со тоа дојде до 57-та победа во кариерата.

    Холанѓанецот го забележа третиот триумф сезонава и се погрижи да биде на највисокото скалило на подиумот на секоја трка што ќе ја заврши.

    Најблиску до бранителот на титулата беше неговиот тимски колега Серхио Перес, додека возачот на Ферари, Карлос Саинц јуниор беше на третото место на подиумот. Шпанецот успеа да стигне до подиумот на сите трки што ги возеше оваа сезона, откако е познато дека ја пропушти трката во Саудиска Арабија, поради операција на слепо црево.

    По денешната трка во генералниот пласман води Верстапен со 77 бодови, а зад него е Переz со 64, додека Леклер е трет со 59 бода.

    Следната трка во Формула 1 шампионатот ќе се вози за Големата награда на Кина на 21 април.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Валс: Ограничувањето на буџетот не донесе ништо добро

    12/11/2026

    Шолин: Ограничувањата на буџетот влијаат на квалитетот

    10/11/2026

    Абдилахи ќе се врати на патеките

    08/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.