Кошаркарите на Кливленд синоќа ја добија „мајсторката“ со Орландо во првиот круг од плеј-офот во НБА лигата и обезбедија пласман во полуфиналето на Истокот. Кавалирс тоа го направија со историски пресврт откако имаа негатива од 18 поени во првото полувреме од седмиот натпревар од серијата со Меџик.
Кливленд губеше со 49:31 во финишот на вториот период, но успеа да ја надмине негативата и на крајот да го добие натпреварот со резултат 106:94.
Кавалирс со ова го направија најголемиот кам-бек во „мајсторка“ од плеј-офот од 1997 година, па досега. Исто така, Кливленд се пласираше во второто коло од плеј-офот за првпат од 2019 година.