Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Митревски: „Игравме агресивна одбрана, можеби малку се коцкавме, но успеавме“
    Ракомет

    Митревски: „Игравме агресивна одбрана, можеби малку се коцкавме, но успеавме“

    risteBy riste13/05/2024No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Македонија одигра одличен натпревар на реваншот со Фарски Острови, меч со кој успеавме да ја постигнеме нашата цел, а тоа е пласман на СП  кое ќе се одржи во 2025 година , а организатори се Хрватска, Данска и Норвешка.

    По натпреварот свој коментар даде и капитенот на нашата репрезентација, голманот Никола Митревски кој имаше 4 одбрани, но сепак колективната и пожртвувана одбрана не им дозволи на противниците да упатат многу удари кон неговиот гол.

    „Знаевме каква ќе биде атмосферата и затоа посакувавме реваншот да се игра во Македонија, овде во „Борис Трајковски“. Тие се доста незгодна репрезентација. Тоа го видовме на Европското првенство на кое играа егал со Словенија и Полска, ремизираа со Норвешка. Имаат четири играчи кои настапуваат во Бундеслигата, а нашиот тим е составен со играчи од домашниот шампионат. Тоа покажува дека имаат квалитет, играат скандинавски ракомет, не губат топки. За разлика од првиот натпревар денес игравме поагресивно, посамоуверено во одбраната, а во нападот бевме многу поподвижни и на крилјата на феноменалната публиката успеавме да избориме пласман на Светското првенство. Нашата одбрана, „5+1“ која е доста агресивна не дозволи голманите да имаат голема улога, ама моравме да се коцкаме некако за да ги задржиме нивните најдобри играчи. Успеавме заедно да пресечеме многу топки, да реализираме во напад. Среќата, квалитетот, знаењето беа на наша страна. Нашата голема желба да го продолжиме континуитетот на настапи на големите натпреварувања беше уште од денот кога се собравме и едноставно сакавме да се пласираме на СП“, рече капитенот Никола Митревски.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Јака Малус на крајот на сезоната заминува од Вардар?

    15/11/2026

    Во меч со пресврти: Вардар славеше на дербито со Алкалоид

    14/11/2026

    Валах останува во Вардар до 2028 година

    13/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.