Директорот на Формула 1 тимот на Вилијамс, Џејмс Волс, им потврди на медиумите пред Големата награда на Емилија-Ромања дека британскиот тим размислува за тројца возачи како можни тимски колеги за Алекс Албон.
„Моментално гледам три опции за 2025 и 2026 година. Кога ќе бидам во позиција да зборувам повеќе, ќе го направам тоа“, изјави Волс.
Албон пак, откри дека пред да дојде во Вилијамс имал понуди од други екипи.