Најдобриот кошаркар на Њујорк Никс, Џејлен Брансон планира да го продолжи договорот со Никс ова лето.
Од актуелниот договор со Њујорк остануваат уште две години, но Брансон е решен да ја искористи можноста да го продолжи за нови две.
Интересно, годинава Брансон заврши на петтото место во гласањето за МВП на сезоната. Тој има право да потпише четиригодишно продолжување на договорот од 156 милиони долари ова лето. Но, ако почека до 2025 година и ја одбие опцијата за продолжување, може да потпише нов 5-годишен договор вреден 270 милиони.
Според новинарот Стив Попер, Брансон нема да чека и уште ова лето ќе потпише нов договор со Никс.