Ред Бул и Серхио Перез не постигнаа договор за продолжување на соработката. Како што јави „Фокс Спортс“, Ред Бул е согласен да го задржи Серхио Перез и за сезоната 2025, но двете страни не успеале да се договорат за должината на соработката.
Имено, шампионите му понудиле едногодишен договор на возачот, чиј договор истекува на крајот на 2024 година. Популарниот Чеко ја одбил понудата барајќи двегодишен договор за сезоните 2025 и 2026 година, но наводно, Ред Бул веднаш ја одбил идејата.
Останува нејасно дали ќе има нова рунда на преговори во иднина.