Кошаркарите на Бостон по продолжение го победија тимот на Индијана со 133:128 и поведоа со 1:0 во финалето на Источната конференција на НБА лигата. Индијана беше блиску до победа и брејк, но Бостон успеа да се врати во самиот финиш од мечот и да добие продолженија со тројката на Џејлен Браун на шест секунди пред крајот (117:117).
Во продолжението Бостон подобро се снајде, а на крајот го одбрани домашниот терен. Џејсон Тејтум ги предводеше Селтикси до победата со 36 поени, од кои десет постигна во продолжението, Џру Холидеј додаде 28 поени, а Џејлен Браун постигна 26 поени.
Кај Индијана најдобар беше Тајрис Халибартон со 25 поени и десет асистенции. Следниот натпревар од оваа серија е закажан за ноќта меѓу четврток и петок, а домаќин повторно е Бостон.