Хокеарите од Канада, Швајцарија, Чешка и Шведска изборија пласман во полуфиналето на Светското првенство во елитната група што се одржува во Чешка.
Актуелните светски шампиони Канаѓаните очекувано се пласираа во полуфиналето со победата над Словачка со 6-3 во прашката О2 Арена, Швајцарија со 3-1 го совлада минатогодишниот вицешампион Германија, Чешка со 1-0 ги совлада САД, додека Шведска по продолжение беше подобра од Финска со 2-1.
Во полуфиналето ќе играат Шведска и Чешка, како и Канада и Швајцарија, а натпреварите се закажани за 25 мај.