Шпанскиот возач, Марк Маркез, не крие дека е презадоволен со освоеното трето место на Гран При трката во Каталуња. Шесткратниот шампион кој стартуваше од 14-то место, вели дека максимално ризикувал со меката задна гума.
„ Ја избрав меката задна гума, знаев дека ќе биде ризично, но тоа беше единствената можност да нападнам уште од самиот почеток“ – вели Маркез.
„Немав среќа бидејќи имав лош старт но, знаев дека трката е долга и чекор по чекор, сепак успеав да ја одбранам позицијата“ – изјави возачот на Гресини.