Шарл Леклер влезе во историјата на Формула 1 како првиот возач од Монако што победил на трката за Големата награда на Монте Карло. Возачот на Ферари успеа да ја добие битката со Оскар Пјатри од Мекларен и Шпанецот, Карлос Саинц, кој ја потврди доминацијата на „црвеното коњче“.
Трката која не донесе атрактивност беше прекината по инцидентот на стартот кога Серхио Перез, Кевин Магнусен и Нико Хилкенберг мораа да се повлечат од патеката. На крајот бодови уште освоија: Норис, Расел, Верстапен, Хамилтон, Цунода, Албон и Гасли.
Верстапен е лидер со 169 бодови пред Леклер со 138 и Норис кој има 113. Наредната девета трка во шампионатот ќе се реализира на 9 јуни во Канада на патеката – „Жил Вилнев“.