Данската велосипедска федерација го објави списокот на учесници за претстојните Олимписки игри во Париз, на кој не се најде двократниот победник на Тур де Франс, Јонас Вингегард.
На почетокот на април, данскиот велосипедист при тежок пад ја скрши клучната коска на трка низ Баскија, по што беше опериран. Вингегард пред извесно време ја објави својата одлука да не учествува во Париз, но денеска официјалната потврда дојде откако Данците го објавија тимот за ОИ во кој го нема 27-годишниот двоен победник на Тур де Франс.
Вингегард неодамна повторно почна да тренира, но се уште не е јасно дали ќе ја брани титулата на овогодинешниот Тур де Франс.