Хорхе Мартин во 2025 година ќе вози за тимот на Априлија во најсилната класа во Мото Гран Шампионатот. Тој ќе биде замена за Алекс Еспергаро кој ќе се повлече на крајот на годинава.
Се претпоставува дека Мартин ќе добие договор за две сезони. Засега не се знае кој ќе му биде тимски колега на Шпанецот.
Објава на Инстаграм беше постирана само неколку часа откако беше објавено дека Дукати се одлучил да го ангажира Марк Маркез во фабричкиот дел од тимот.