Холанѓанката Фемке Бол, светска шампионка на 400 метри со пречки, истрча под 51 секунда на викенд митингот во Ла Шау-де-Фонд во Швајцарија, со што стана втората атлетичарка во историјата што постигнала таков резултат, 12 дена пред Олимписките игри во Париз.
Фемке Бол (24) ја заврши трката на 400 метри со пречки за 50 секунди 95 стотинки и го собори сопствениот европски рекорд.
Таа и се придружи на Американката Сидни Меклафлин-Леврон која истрча 50:65 секунди на јуниските олимписки квалификации во Орегон, САД.