Холанѓанката, Елен Ван Дајк, ќе се појави на Олимписките Игри во Париз, потврди денеска велосипедската федерација во нејзината татковина.
Таа иако пред само шест недели го скрши зглобот во сообраќајна несреќа и мораше да оди на операција, ќе биде дел од големиот спортски форум.
Велосипедистката, која победи на хронометарот на светските првенства во 2013, 2021 и 2022 година, заврши на четвртото место на трката на хронометар на Олимписките игри во Рио 2016 година.