Францускиот претседател, Емануел Макрон, не крие дека е задоволен што ќе гледа спортисти од Израел на ЛОИ Париз 2024 година.
„Ќе ни биде мило да видиме израелски спортисти во Франција. Тие ќе можат да настапат под нивното национално знаме“, рече Макрон. Тој нагласи дека Франција е одговорна за нивната безбедност.
Претходно, Палестинскиот национален олимписки комитет испрати писмо до првиот човек на Меѓународниот олимписки комитет, Томас Бах, барајќи од него да им забрани на израелските спортисти да учествуваат на Олимписките игри во Париз.