Актуелниот тренер на Њујорк Никс, Том Тибодо, потпиша нов договор со клубот, објави ЕСПН.
Договорот е на три години и ќе го задржи 66-годишниот стратег во „Големото јаболко“ до летото 2028 година.
Том Тибодо ги водеше Никс во последните четири сезони, а во три од нив тимот стигна до плејофот. Минатата сезона, њујорчани ја завршија регуларната сезона на Источната конференција на второто место зад шампионот Бостон Селтикс и беа елиминирани во конференциското полуфинале, во седум меча од Индијана Пејсерс.