На 142-та сесија на ИОК во Париз, Француските Алпи беа избрани за домаќини на Зимските Олимписки и Параолимписки игри во 2030 година, а Солт Лејк Сити, Јута ќе биде домаќин на Зимските игри во 2034 година. Меѓу сите спортови кои беа разгледувани дали ќе останат дел од ЗОИ, карлингот е потврден како задолжителен дел од програмата и на двете зимски Олимпијади во 2030 и 2034 година.
Бо Велинг, претседател на Светската карлинг федерација го изрази својот ентузијазам за вклучувањето на карлингот во програмата и на овие две Олимпијади.
„Ние сме апсолутно воодушевени што карлингот продолжува да биде како основен спорт во олимписката и параолимписката програма. Признавањето како клучни партнери во Олимпиското движење го одразува растот на нашиот спорт и сигурноста на нашите првенства од нашето повторно воведување во 1998 година“, вели тој.