На аргентински фудбалер Тиаго Алмада, кој е дел од олиписката репрезентација на Аргентина на ЛОИ во Париз, му бил украден накит во вредност од 50.000 евра за време на првите денови од фудбалскиот олимписки турнир во Франција.
Селекторот на аргентинската олимписка репрезентација Хавиер Маскерано по мечот со Мароко (1:2) изјави дека Тиаго Алмада е ограбен. Според француски извори, од фудбалерот бил украден накит во вкупна вредност од 50.000 евра. Украдени се предмети од соблекувалната, а полицијата констатирала дека на местото на настанот немало знаци на насилен упад.
Играчот од средниот ред на Ботафого поднесе пријава со која ќе ја потврди висината на штетата, велат од француската полиција.