Директорот за комуникации на Меѓународниот олимписки комитет, Марк Адамс, објасни зошто од официјалниот канал на ИОК на Јутјуб исчезна видеото од церемонијата на отворањето на Олимписките игри 2024 година во Париз (Франција).
„Тоа се должи на сопственоста на правата на снимката во различни земји“, рече Адамс на денешниот брифинг со новинарите. Свеченото отворање на Летните олимписки игри во Париз се одржа во петокот на 26 јули на реката Сена.
Настанот беше жестоко критикуван како од претставници на медиумите, политичарите и јавни личности, така и од гледачите на социјалните мрежи. Организаторите беа обвинети за навреда на чувствата на христијаните.

