Новиот шампион на УФЦ во полусредна категорија, Белал Мухамед, е подготвен за реванш против поранешниот носител на појасот, Леон Едвардс, но за не помалку од три години.
Двајцата се судрија на главниот настан на UFC 304 кој се одржа вчера во Манчестер. По пет рунди тешки борби, Мухамед беше прогласен за победник со едногласна одлука, завршувајќи ја на тој начин серијата од 13 борби без пораз на Леон Едвардс.
„Знам дека сум најдобриот борец на светот. Требаше само да го докажам тоа“, рече новиот крал во категоријата до 77 килограми.

