Познатиот НБА коментатор и водител, Колин Каухерд, направи споредба на Никола Јокиќ и Џоел Ембид, кои во последниве години беа во најтесна битка за МВП титулата во НБА лигата.
„Минатата година НБА го изгласа Ембид за МВП. Тоа беше глас против Јокиќ бидејќи тој е подобриот играч. Ако сте го гледале натпреварот САД-Србија ќе видевте дека тие не се ни близу по квалитет. Стив Кер беше принуден брзо да го отстрани Ембид од подот. Тој е најпреценетиот, најпроценетиот, критикуван, пренагласениот играч во НБА. Кога Јокиќ и Ембиид се на теренот во исто време, не можат да се споредат, ниту одблиску. Тоа се играчи на сосема различни нивоа“, смета Каухерд.