Денешниот натпреварувачки дена на ЛОИ во Париз започна со атлетски натпевари и тоа во дисциплината брзо одење на 20 километри во машка конкуренција.
Првиот сет на медали беше поделен меѓу Еквадорскиот атлетичар Брајан Пинтадо кој го освои првиот златен медал за својата земја на Олимпијадата во 2024 година. Пинтадо победи со време 1 час 18 минути и 55 секунди.
Второто место го зазеде Бразилецот Каио Бонфим со задочнување од 14 секунди, а бронзата му припадна на шпанскиот атлетичар Алваро Мартин кој задоцни 16 секунди зад победникот.

