Претседателот на Кошаркарската федерација на Јужен Судан, Лоу Денг, се пожали на отсуството на африкански судии на турнирот.
„ Не разбирам зошто на Олимпијадата нема африкански судии. Без разлика на причините, ако претставуваме цел континент, мора да бидеме целосно претставени“ – вели Денг.
„Ако судиите не се запознаени со нашата игра и стил, тогаш што е Светско првенство или Олимпијада? Дали е ова само кошаркарско натпреварување во европски стил? – рече Денг по поразот од Србија на Игрите во Париз.

