Легендата на светската гимнастика, Симоне Беилс, се огласи на социјалните мрежи откако се појавија шпекулации дека планира да ја заврши кариерата.
-Луѓе, навистина треба да престанете да ги прашувате спортистите што е наредно веднаш откако ќе освојат медал на Олимпијада. Ајде да го почувствуваме моментот за кој работиме цел живот“ – беа зборовите на Беилс на социјалната мрежа –„Х“.
27-годишната Американка на ЛОИ во Париз го освои третиот златен медал во повеќебој и во екипна конкуренција.

