Трикратниот олимписки шампион и повеќекратен светски, британскиот пливач Адам Пити, го сумираше настапот на Игрите во Париз.
„Ова е веројатно најлошата недела во мојот живот во однос на состојбата на моето тело. Сè се урна одеднаш. Откако ќе откриете дека имате Ковид се се будите со различни мисли. Лекарскиот тим заврши одлична работа“ – рече Пити.
Тој на Олимпијадата освои сребрен медал на 100 метри градно а веднаш потоа се покажа како позитивен на тестот за КОВИД-19 и мораше да оди во изолација.

