Во пресрет на новиот натпреварувачки ден на Летните Олимписки Игри во Париз, Олимпијците од Соединетите Американски Држави се лидери на листата на освојувачи на медали.
Тие имаат 30-ет златни, 38 сребрени и 35 бронзени медали. Спортистите од Кина го држат второто место со 29 златни, 25 сребрени и 19 бронзени одличја. Австралија засега е на третото место со 18 златни, 14 сребрени и 13 бронзени медали.
Во топ 10 уште влегуваат: Франција – 14-19-21, Велика Британија – 13-17-21, Јужна Кореја – 13-8-7, Јапонија – 13-7-13, Холандија – 11-6-8, Италија – 10-11-9 и Германија – 9-9-5.

