Американската женска штафета триумфираше на една од највозбудливите спринтерски дисциплини на атлетската патека – на трката на 4х100 метри.
Американките дојдоа до победата по последната промена кога олимписката вицешампионка Шакари Ричардсон ја престигна конкуренцијата за да и донесе предност на својата земја и освојување на слатниот медал. Резултатот на штафетата на САД за златен медал беше 41.78 секунди.
На второто место завршија спринтерките од Велика Британија, кои имаа време од 41,85, додека бронзениот медал им припадна на атлетичарките од Германија – 41.97 секунди.

