Машката штафета на Канада е победник и освојувач на златниот медал на ЛОИ во Париз. Златниот медал во 4х100 во машка конкуренција заврши кај Канаѓаните кои забележаа ист резултат како во Токио пред три години – 37,50.
Арон Браун, Џероми Блејк, Брендон Родни и Андре де Грас и донесоа победа на Канада на ова атрка.
Атлетичарите од Јужна Африка забележаа континентален рекорд – 37,57, кој беше доволен за сребрен медал. Бронзата пак ја освоија атлетичарите од Велика Британија – 37,61.
Досегашните олимписки шампиони, спринтерите на САД, беа дисквалификувани поради престап при првата промена на палката и нејзиното предавање.

