Холандската атлетичарка Сифан Хасан е нова олимписка шампионка во најтешката дисциплина, маратонот.
Таа успеа да ја помине маратонската патела со време на нов олимписки рекорд. Хасан одлично трчаше во текот на целата трка, а на влезот на последниот километар им побегна на конкурентките и беше недостижна во финишот.
Нејзиниот резултат беше 2.22:15 часа, што е свовиден подвиг и најдобар олимписки резултат на сите времиња. Ова е трет олимписки медал за Сифан Хасан на ЛОИ во Париз, предходно освои две бронзи на трките на 5.000 и 10.000 метри.
Тигст Асефа од Етиопија го освои среброто, а бронзата заврши на градите на Хелен Обири од Кенија.

