Репрезентацијата на Италија без големи проблеми стигна до златниот медал на Олимписките игри, откако во финалниот натпревар ја совлада селекцијата на САД со максимални 3:0, по сетови (25-18, 25-20, 25-17).
Италијанките не дозволија никакво изненадување и уште од самиот старт ја наметнаа својата игра, што резултираше со прилично лесна победа и големо славје.
Италија се радува на првото злато во женската одбојка, и тоа во првото финале кое го играа Олимписките игри.

