НБА тимот Лос Анџелес Лејкерс ќе го повлече дресот со бројот 21 кој го носеше легендарниот кошаркар Мајкл Купер, со кој стана петкратен шампион во НБА како дел од составот на „езерџиите“. Церемонијата за повлекување на бројот ќе се одржи на 13 јануари следната година на домашниот натпревар со Сан Антонио Спарс, објави прес-службата на Лејкерс.
Купер играше 12 сезони во НБА. Како член на Лејкерс, стана НБА шампион пет пати (1980, 1982, 1985, 1987 и 1988 година). Во 1987 година стана најдобар одбранбен играч во НБА, а кариерата ја заврши со одиграни 873 натпревари на кои постигна 7.729 поени (просечно 8,9 по натпревар).

