Џејсон Тејтум е подготвен да ги предводи Селтикси до нивната втора шампионска титула по ред. Во очекување на новата сезона, ѕвездата на шампионскиот состав на Бостон тврди дека екипата има големи мотиви да остане на врвот.
„Имавме проклето добар тим минатата сезона. Беше задоволство да се биде дел од ова патување. Доминиравме во регуларниот дел од сезоната и потоа отидовме до 16-3 во плеј-офот. Се чинеше дека е лесно, но не беше, беше тешко. Игравме против многу добри тимови. Убаво е да можеш да се вратиш. Се враќаме со истиот состав. Имаме уште поголема мотивација да освоиме уште едно првенство“, изјави лидерот на Бостон, кој во новата сезона ќе има нов предизвик да ја продолжи доминацијата.

