Шампионот во НБА лигата од 2023 година, Арон Гордон од Денвер Нагетс ќе го смени бројот на својот дрес од 50 во 32 во спомен на неговиот брат Дру Гордон, кој почина во мај оваа година. За ова на својата страница на социјалните мрежи зборуваше и новинарот Етјен Каталон.
Дру загина во сообраќајна несреќа на 31 мај во Портланд, Орегон. Беше и професионален кошаркар. Во текот на својата кариера, Дру играше за клубови како Партизан, Динамо Сасари, Филаделфија 76ерс, Локомотив-Кубан, Будивелник, Автодор, Зенит и многу други.
Двапати учествуваше на Ол-стар игрите на ВТБ Јунајтед Лигата. Признат за најкорисен играч на месецот во Јунајтед Лигата. Дру почина на 33-годишна возраст.