Изминатиот викенд со свечена церемонија беше одбележано затворањето на 13.-от Меѓународен спортски филмски фестивал кое се одржа на пложтадот во Златибор. Така, оваа церемонија за првпат се одржа под ведро небо, со присуство на многубројна публика, спортисти, филмаџии и туристи кои уживаа во програмата.
Публиката имаше можност да го поздрави еден од прославените шампиони во алпско скијање Јуре Франк, освојувач на олимписки сребрен медал, кој беше еден од годинешните лауреати на наградата за животно дело што традиционално ја доделува овој Фестивал.

Исто така беа доделени награди и на филмските работници кои заслужија посебно внимание на овогодинешниот фестивал.
Добитници на наградите се:
Награда – Гран при златна гондола за најдобар филм
„Се случи – Ратко Рубиќ“
Автор: Дејан Аќимовиќ
Продукција: Хрватска и Србија, 2024. Дафилм Загреб, ХРТ и РТС
Награда за најдобар краток документарен филм
„Летот на вилинските коњчиња“/ El vuelo de las libelulas
Режисер и сценарист: Ињаки Алфорја Сагоне
Производство: Шпанија, 2023 година
Наградата „Златна гондола“ за најдобар среднометражен документарен филм
„Blue lions“/ Сини лавови
Режисер, сценарист и продуцент: Томислав Жаја
Наградата „Златна гондола“ за најдобар долгометражен документарен филм
„Moving Mountains Within“/ Поместување планина
Режисер и продуцент: Абхишек Кумават
Награда златна гондола за најдобар игран филм
„За љубовта кон играта“/ Pour l’amour du jeu
Режисер и сценарист: Клемент Бомпарт
Производство: Франција 2023 година.

Награда „Динко Туцаковиќ“ за најдобар режисер на документарен филм
„Пожртвувана убавина – Милунка Лазаревиќ“
Автори: Ивица Видановиќ, режисер и Александар Милетиќ, сценарист
Продукција: CINNE SPORT, Србија, 2024 година.
Наградата Златна гондола за најдобра фотографија, дизајн и иновација во филмот
„Четири и триесет“/ 4:30 часот
Режисер и сценарист: Василиј Овчиников
Производство: Русија, 2024 година.
Награда златна гондола за најдобар филм за личност во спортот
„Никола Пилиќ – Легенда“
Режисер и сценарист: Жељко Мирковиќ
Сценарист: Владимир Гашиќ
Производство: Франција и Србија, 2024 година.
Наградата „Златна гондола“ за најдобар филм за високите морални вредности во спортот
„Земја на хероите – Дежела Јунаков“
Режисери, сценаристи, кинематографери и монтажери: Јан Филип и Јордан Франгеш
Производство: Словенија 2024 година.
Специјални награди за придонес во филмската уметност, телевизијата и спортот за документарни филмови беа доделени на уште неколку филмови, а меѓу нив беше и филмот „Од први до четврти“ во режија на Игор Ивановски, раководител на проектот: Саша Каталиниќ, а производство: Македонија, 2024 година.

По доделувањето на наградата, публиката имаше можност да ужива во прикажувањето на два филма: „Белград 92“, на Милош Радивојевиќ и „Никола Пилиќ – Легенда“, на Жељко Мирковиќ. Со ова успешно заврши годинешниот Меѓународен спортски филмски фестивал, но важно е да се напомене дека изложбата „Синиша Михајловиќ – животот како филм“, поради големиот интерес на публиката, ќе трае до крајот на август во просториите на Центар за култура Златибор.

