Американскиот кошаркарски репрезентативец, Џру Холидеј во очекување на новата НБА сезона, вели дека еден фактор може да им помогне на Селтикси да ја задржат титулата и во новата сезона.
„Фактот што Бостон го задржа комплетниот ростер ќе биде предност за нас пред нашите конкуренти. Мислам дека ова ќе ни помогне многу. Секогаш е тешко да се освои шампионски трофеј, но да се направи тоа двапати по ред е уште потешко“, вели кошаркарот на Селтикс.
Единствениот од тимот на Бостон кој си замина е Михајљук, кој во вонсезоната премина во Јута. Сите останати играчи ќе бидат во тимот и оваа сезона, но и поискусни за една титула за да се обидат да го задржат шампионскиот пехар во својот град.