Гершон Јабусел се врати во НБА лигата откако потпиша договор за една сезона со екипата на Филаделфија. Тој ќе заработи 2,1 милион долари.
Кошаркарот беше дел од селекцијата на Франција која го освои сребрениот медал на Олимписките игри во Париз. Тој во 2016 година беше избран како 16-ти пик на драфтот од екипата на Бостон по што одигра повеќе од 70 натпревари за популарните Селтикси.
Французинот последните три сезони ги одигра во Реал Мадрид.

