Новинарот на „Л’Екип“, Максим Обиен, објави дека ѕвездата на Сан Антонио Спарс и на француската кошаркарска репрезентација, Виктор Вембањама веќе пристигнал во Сан Антонио. Тој дошол во градот пред една недела и оттогаш редовно е во теретана.
„Празниците завршија. Виктор Вембањама се врати во Сан Антонио минатиот викенд и оттогаш не ја напуштил салата ниту еден ден“, напиша Обиен на својата страница на социјалните мрежи.
Минатата сезона Вембањама одигра 71 натпревар за Спарс со просек од 21,4 поени и 10,6 скока по натпревар. Тој се надева дека во новата сезона Сан Антонио ќе биде многу поконкурентен и во плеј-офот.