Возачот на Ферари во Формула 1, Шарл Леклер, по победата на трката во Монца, вели дека тимот треба да продолжи да работи на подобрување на болидот доколку сака да забележи повеќе бодови до крајот на сезоната.
„Треба да бидеме многу внимателни. По Монако имавме околу четири трки кои се покажаа како најлоши во сезоната“ – вели Лерклер.
„Имавме големо ажурирање на болидот, што дефинитивно ни помогна да се доближиме до Мекларен“ – вели возачот во Формула 1.