Неверојатниот Арманд Дуплантис, светскиот шампион во скок со стап, синоќа покажа дека е и исклучителен спринтер.
На егзибициската „Трка на светските шампиони“ во Цирих, Дуплантис се тркаше на 100 метри против светскиот шампион на 400 метри со пречки, Карстен Ворхолм.
Оваа трка се најавуваше една година и светот конечно чекаше да види кој од нив е побрз, но на 100 метри. На крајот Дуплантис постигна одлично време од 10,37 секунди, додека Вархолм заостана десет стотинки.
„Морам да му честитам на Мондо, тој одлично започна. Целосно ме победи“, призна Ворхолм на финишот.
Интересно е што Мондо и Ворхолм заедно имаат четири олимписки медали, три златни и еден сребрен и 11 светски рекорди, соборени деветпати од Дуплантис, а двапати од Ворхолм. Двајцата денеска ќе учествуваат на новиот митинг од Дијамантската лига во Цирих, но во своите стандардни дисциплини.