Сопственикот на екипата на „ Aston Martin“, Лоренс Строл, изјави дека со години се обидува да го привлече легендарниот дизајнер, Адријан Њуи кој во почетокот на 2025 година ќе се раздели со Ред Бул.
„Тој е очигледно најталентираната и најнадарената личност во Ф1 врз основа на неговите достигнувања. Затоа, би бил возбуден доколку Адријан се приклучи на нашиот тим“ – рече Строл.
Засега нема потврда дека специјалистот за болиди ќе му се приклучи на Астон Мартин.