Шефот на Ферари, Фредерик Васер, потврди дека пропаднале преговорите со Адријан Њуи. Најуспешниот дизајнер во историјата на светскиот шампионат во Формула 1 веројатно ќе работи со Астон Мартин.
„Адријан Њуи? Да, преговаравме со него но, неговите барања се покажаа сосема спротивни на нашите понуди“ – објасни Васер.
Наводно, Њуи ги договорил условите со Астон Мартин и неговиот договор за 3 години ќе биде вреден 100 милиони.