Кошаркарот на ЛА Лејкерс, Кристијан Вуд го оперираше левото колено и според првичните лекарски најави го очекува подолга пауза од терените.
Веста ја потврдија и од тимот на „езерџиите“ кои дополнија дека прогнозираното отсуство на Вуд ќе биде околу 8 недели.
Во март, центарот на Лејкерс беше подложен на операција на коленото, со што предвреме ја заврши сезоната 23/24. Сега очигледно мораше да се направи уште една интервенција.
Во 50 натпревари од регуларната сезона, Вуд минатата сезона имаше просек од 6,9 поени и 5,1 скока по натпревар.