Шпанскиот возач во Формула 1, Карлос Саинц, потврди дека од наредната сезона ќе му се приклучи на тимот на Вилијамс.
Според објавеното, тој ќе го замени Логан Сарџент и ќе потпише двегодишен договор со британската екипа. На тој начин Саинц ќе го заврши неговиот четиригодишен престој во Ферари.
Ќе потсетиме дека за Ферари од 2025 година ќе вози седумкратниот шампион во така наречениот – „циркус на тркала“, Луис Хамилтон.