Австралискиот возач, Оскар Пјастри, беше најбрз на трката во Формула 1 возена денеска на патеката во Баку за Големата награда на Азербејџан.
Членот на Мекларен успеа да ја добие битката со Шарл Леклер од Ферари и да дојде до првото место. Трет низ целта помина Џорџ Расел од Мерцедес додека Ландо Норис ја обезбеди четвртата позиција.
Во топ 10 влегоа и Верстапен, Алонсо, Албон, Колапинто, Хамилтон и Оливер Берман. Серхио Перез и Карлос Саинц не ја завршија трката откако имаа судар и завршија надвор од патеката.